fbpx

Czinger официјално го претстави новиот суперавтомобил 21C

Компанијата Czinger во Лондон официјално го претстави пред јавноста својот нов суперавтомобил кој ја носи ознаката 21C

Czinger 21C, како и голем број други новитети, требаше да го има своето деби на Меѓународниот Салон за автомобили во Женева, а по откажувањето на оваа манифестација, американската компанија организираше настан кој беше емитуван во живо преку интернет. Czinger 21C e првиот модел од серијата на нови автомобили со високи перформанси кои ги планира овој производител.

Технолошки напредниот автомобил е дизајниран специјално за да биде што е можно полесен, а вкупната маса изнесува 1.200 килограми и има подобар размер на моќ и тежина од 1:1, со оглед на тоа дека twin-turbo V8 моторот од Ferrari е во состојба да развие 1.250 КС. Овој суперавтомобил од нула до „стотка“ стигнува за само 1,9 секунди, 402 метри минува за 8,1 секунда, додека максималната брзина изнесува 399 километри на час.

Секој елемент од овој 21C е дизајниран и направен ексклузивно за самата компанија. Благодарение на уникатниот пристап во дизајнирањето на суперавтомобилот, ладењето, дистрибуцијата на течностите и контролата на звукот на издувниот систем се интегрирани во шасијата заедно со традиционалната структура и безбедносните системи. Целата шасија е тешка само 120 килограми.

Czinger 21C ќе се појави во Royal Automobile Club во Pall Mall во Лондон во петок и сабота, а настанот е наменет за заинтересираните купувачи.

Поврзани вести

Back to top button