fbpx

Rolls-Royce го најави ексклузивниот Dawn Silver Bullet

Rolls-Royce го најави новото специјално издание на својот и онака луксузен модел Dawn, кој ќе го добие суфиксот Silver Bullet

Од Rolls-Royce засега објавија само неколку тизери во вид на фабрички цртежи од моделот Dawn Silver Bullet, но не е соопштено кога овој модел ќе ја има својата официјална премиера. Во секој случај, овој ексклузивен Rolls-Royce Dawn Silver Bullet претставува roadster со две седишта, при што како инспирација за овој проект се искористени roadster моделите од 20-тите години на минатиот век.

Dawn можеби е еден од најстарите модели на Rolls-Royce кои во моментов се достапни, но ќе биде првиот кој ќе добие Collection Car третман во престојниот период. Британскиот производител објави тизери за Dawn Silver Bullet Collection и цртежите навистина делуваат ветувачки. Од Rolls-Royce објаснуваат дека покрај тоа што инспирацијата е од roadster автомобилите од пред речиси еден век, со овој автомобил ќе се обидат да го „зграбат безгрижниот однос на тие дамнешни времиња во модерен израз дизајниран за денешните не-конформисти и трагачите по задоволство“. Поради ова, првичните тизер фотки навестуваат чист дизајн со ретро декоративни детали.

Rolls-Royce Dawn Silver Bullet

Највпечатливиот детал од возилото е таканаречениот Aero Cowling кој „го менува ликот на силната силуета на автомобилот, засилувајќи го чувството за брзина и цел“. Вo Rolls-Royce посакуваат со овој нов кабриолет да ја спојат носталгијата од минатото со „софистицираната иновација на иднината“ со што го прави Dawn Silver Bullet Collection безвременска креација на дизајн и совршена платформа со цел „да се доживеат најдобрите патувања ширум светот“.

Rolls-Royce ќе произведе само 50 примероци од овој модел

Автомобилот, како што сугерира и самото име, ќе добие специјална и ексклузивна сребрена боја, темни детали, затемнети предни светла и нови тркала, а во внатрешноста ќе пристигне со елементи во карбон и најексклузивна кожа. За погонот најверојатно ќе биде задолжен 6,6-литарскиот V12 twin-turbo мотор со 593 КС и 840 Nm максимален вртежен момент.

Производството на овој модел ќе се одвива во англискиот град Goodwood, а во план е ограничена серија од само 50 примероци. Цената на овој модел засега не е позната.

Поврзани вести

Back to top button