fbpx

Google автономните автомобили на снег

Waymo, сопственост на технолошкиот гигант на Google, ќе ја прошири својата програма за тестирање за самостојни автомобили, почнувајќи со испитувањата во зимски услови

Waymo вели дека нивните автомобили ќе можат да се движат исто како на сува подлога, така на снег и мраз.

Беспилотните возила што се на тестовите се засновани на миниван со зголемен стпен на проодност, моделот Chrysler Pacifica. Ги има вкупно 100 и имаат дозвола да ги тестираат и на вообичаената патна мрежа. Тие сега минуваат низ териториите на шест држави – Аризона, Тексас, Невада, Вашингтон, Калифорнија и Мичиген.

Waymo

Од почетокот на програмата во 2009 година, автономните автомобили на Google поминале 4,8 милиони километри. Секогаш постои возач во автомобилот за да може да се поправи грешката во електрониката, а компанијата објави дека минатата година се регистрирани само четири аномалии и недоследности при управувањето, без никакви последици.

Поврзани вести

Back to top button