fbpx

Mansory го претстави необичниот теренец Xerocole

Компанијата Mansory која се занимава со луксузен тјунинг на автомобили, го претстави својот нов производ под називот Xerocole

Mansory Xerocole е UTV возило базирано на теренецот за Dakar Rally, Maverick X3, кој поседува импресивни 195 КС, а пристигнува и со уникатен изглед кој овозможува услови за употреба и на најтешките терени. Mansory успеа да го подигне ова возило на повисоко ниво унапредувајќи го стандардниот Rotax Ace 0,9-литарскиот трицилиндричен мотор со турбо полнач, така што сега Xerocole може да развие до 222 КС.

Maverick X3 е познато како возило наменето за оф-роуд доживувања и рели возења, додека пак Mansory, од друга страна, е познат по своите aftermarket креации кои не се наменети за секого. Така, настанат е Mansory Xerocole кој е едно од 11-те возила кои германската тјунерска куќа требаше да ги претстави на Меѓународниот Салон за автомобили во Женева годинава.

Основната верзија на возилото, по доработката од Mansory, збогатена е со употреба на карбон со кој е третиран покривот на возилото, B-столбовите, страните на возилото, како и неговата хауба. Од Mansory додадоа и LED светлосни ленти на покривот од Xerocole и го променија предниот изглед на возилото. Внатрешноста на кабината е освежена со комбинација на кожа и алкантара со кои се обложени седиштата, со нанесување на портокалови детали, додека и целосно новиот управувач во целост е обложен со карбон.

Од надворешната страна дополнително се истакнува и четирикратната издувна цевка, како и специјалниот систем на потпирање кој е конструиран од Mansory. Цената за Mansory Xerocole не е позната, но сигурно е дека ќе биде повисока од 29.599 долари, колку што чини основната верзија Maverick X3.

Поврзани вести

Back to top button