fbpx

Mazda го претстави RX-Vision GT3 концептот за Gran Turismo

Најавен уште во ноември минатата година, конечно претставен новиот автомобил на Mazda креиран за видео играта Gran Turismo, каде ќе биде достапен од 25 мај

Популарната тркачка симулација Gran Turismo ја додаде Mazda како официјален партнер на Gran Turismo шампионатот за 2020 година, а за таа цел, прикажан е овој спектакуларен Group 3 Mazda RX-Vision GT3 Concept тркачки автомобил. Виртуелниот концептен тркач, првпат објавен со тизер во ноември минатата година, базиран е на реалниот Mazda RX-Vision кој беше прикажан во 2015 година.

Јапонскиот производител го прикажа RX-Vision GT3 Concept, спортски автомобил чиј изглед претставува еволуција на дизајнот од атрактивната Mazda RX-Vision. Во краткото соопштение кое го објавија од Mazda, очекувано нема многу детали за овој виртуелен спортист, освен тоа дека во играта ќе поседува ротационен мотор со 526 КС и дека масата на возилото изнесува само 1.250 килограми. Овој нов автомобил е понизок, поширок и опремен со изобилство на aero kit детали.

Mazda RX-Vision GT 3

RX-Vision GT3 нема да се појави во некој од продажните салони во блиска иднина, веројатно тоа нема да се случи никогаш. Но, доколку поседувате Playstation 4, а со тоа и видео играта Gran Turismo Sport, тогаш наскоро ќе можете виртуелно да го тестирате овој тркачки автомобил на Mazda.

Mazda RX-Vision GT3 ќе пристигне на Gran Turismo Sport на 25 мај годинава како дел од „апдејтот“ на видео играта.

„Новата Gr.3 Mazda RX-Vision GT3 Concept пристигнува на GT Sport во мај и со сигурност е моќен сојузник на сите возачи на Mazda во светот на официјалниот FIA Gran Turismo Championship“, стои во краткото соопштение.

Поврзани вести

Back to top button