fbpx

Arteon и Polo во понудата на Порше Македонија

Во присуство на голем број пријатели и гости, Порше Македонија во ресторанот Фор, одржа промоција на најновите модели на Volkswagen, Arteon и Polo

Присутните не останаа рамнодушни кон двата модели кои од сега се достапни и на нашиот пазар.

– Работејќи во време на постојан технолошки напредок, со задоволство го прифаќаме предизвикот на новите генерации, на нивните потреби и барања, одговараме испорачувајќи нови модели и поставувајќи нови стандарди во автомобилската индустрија. Двата автомобили се различни и неспоредливи, но сепак исти во својот врвен квалитет, современ дизајн и софистицирана технологија. Едниот ќе ги помести границите во автомобилскиот свет, а другиот ќе им посака добредојде на една нова генерација млади, динамични луѓе, ги поздрави присутните Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.

 

Порше Македонија

Arteon се карактеризира со беспрекорен дизајн и ова е модел со кој Voilkswagen прави исчекор во премиум сегментот. Името е комбинација од два збора: art –уметност и еоn, честичка на Volkswagen, која потенцира дека станува збор за модел од премиум класата. Arteon претставува еден нов изглед на брендот Volkswagen, со силен хоризонтален акцент. Маската се повлекува во тродимензионалните предни фарови, а LED светлосните елементи дополнително го нагласуваат храбриот изглед на предниот дел.

Во зависност од нивото на опрема, која ќе ја  избере клиентот, предната маска на Arteon е во две варијанти – спортска и елегантна. Новиот седан импресионира исто со сериозна доза практичност и стил. Прозорците на вратите се решени без рамки, во типичен софистициран стил на турер моделите, но истовремено вратите се отвораат така што даваат оптимален пристап до големото купе.

Порше Македонија | Порше Македонија
Порше Македонија |  Порше Македонија
Порше Македонија | Порше Македонија

     

    Што се однесува до димензиите, должината е 4.862 , шиpoчинaтa 1.871, a меѓуоскиното растојание 2.841mm. Ова значи огромен внатрешен простор, кој се истакнува особено во задниот дел. Багажникот е 563 литри. Volkswagen Arteon е речиси целосна копија на оригиналниот VW Passat B8, со исклучок на поскапите вградени материјали и повисоко ниво на завршна обработка, а на местото на централната конзола има нова генерација на мултимедијалниот систем. И во внатрешноста доминира спортскиот дух, профилирани седишта, модифициран управувач, амбиетално светло…

    За Volkswagen Arteon се нудат вкупно шест турбо агрегати со директно вбризгување на горивото – бензинските TSI и дизел TDI со опсег на моќноста од 150 КС до 280 КС. Најмалиот бензински мотор е целосно новиот 1.5 турбомотор со моќност од 150 КС, а најголем е 2.0 со 280 КС. Дизелските агрегати се со работна зафатнина од 2.0 литри во три различни капацитети – со 150 и 190 КС, како и со 240 КС, благодарение на двоен турбополнач. Како опција се нуди 4MOTION погон на сите тркала. Врвните верзии на мотори се комбинирани сериски со автоматска трансмисија со две спојки DSG.

    Покрај овој автомобил, кој плени со неговата елеганција, Volkswagen гордо го презентираше и својот миленик Polo. Семеен автомобил кој постојано изненадува и ги поместува границите на удобност, економичност и функционалност. Шестата генерација на моделот Polo е создадена на платформата MQB A0 и всушност е најголемото Polo некогаш направен досега. Со должина од 4.053 mm и меѓуоскино растојание подолго за речиси 10 см, овој модел е подготвен да предизвика некој од повисоките сегменти. Можеби најголемите и пријатни промени ве очекуваат кога ќе ја отворите вратата.

    Порше Македонија | Порше Македонија
    Порше Македонија | Порше Македонија
    Порше Македонија | Порше Македонија

      Станува збор за комплетен редизајн, нова инструментална табла, мултимедијален систем, која е дел од стандардната опрема, дури и при најниското ниво се нуди со 6.5-инчен екран. Автомобилот има активен автопилот, предупредување за мртов агол, парктроник… Стандардни се системите за принудно застанување и следење на пешаците, како и ограничување на брзина и сензор за притисок на гумите. Новото Polo ќе се нуди во пет нивоа на опрема: Trendline, Comfortline, Highline, Beats и R-Line.

      Импресивна е палетата на мотори – вкупно девет. Најмалиот е бензинскиот 1,0 литарски мотор и две верзии – 65 и 115 КС, при што вториот е со турбо. Новиот 1.5 TSI ќе нуди можност за деактивирање на цилиндар при мала брзина и исто така 150 КС. Многу клиенти сепак ќе се насочат кон дизелот, кој исто така ќе понуди две верзии на 1.6-литарскиот моторот со 80 или 95 КС.

      Поврзани вести

      Back to top button