Претставен првиот „тетовиран“ автомобил на светот
Како одлика на традиционалната јапонска уметност, Lexus го претстави уникатниот UX кој е првиот тетовиран автомобил на светот
Во чест на фината изработка и традиционалната јапонска уметност, Lexus пред јавноста го претстави првиот тетовиран автомобил на светот, а оваа уникатна итерпретација на компактниот SUV UX ја дизајнираше и креираше познатата лондонска артистка за тетоважи Клаудија Де Сабе.
Користејќи чисто бел автомобил како свое „платно“ и Dremel дупчалка наместо фини игли за тетовирање, Клаудија направи спектакуларна слика од познатата јапонска кои риба на целото возило. Кои е мотив познат од традиционалната јапонска уметност и симбол на добрата среќа и упорност.
Клаудија ја симна површинската боја и го одработи металот под неа со цел да создаде сложен примерок, а потоа рачно нанесе пет литри висококвалитетна автомобилска боја со цел да ги обои деталите. На крајот, користеше ливчиња злато со цел да ги истакне деталите и на целиот дизајн да му даде посилен 3D ефект, пред целосното возило да добие заштитен лак со цел да може да се вози на улиците.
Целиот процес траел шест месеци од првичните цртежи, а „тетовирањето“ е направено во текот на пет осумчасовни интензивни сесии. Овој проект е исклучително тежок, со вибрации од дупчалката и работа на предмет, кој за разлика од човечкото тело, не можеше да се заземе поудобна положба за време на тетовирањето. И додека за време на тетовирањето кај луѓето возможно е исправање на помали грешки, „гравирањето“ со бушилка бара апсолутна прецизност и неверојатна концентрација.
Тетовираниот Lexus UX нема цена, но се проценува дека нарачаната работа чини повеќе од 126.500 евра.