BMW го врати стариот сјај на својот олдтајмер 2800 GTS
BMW 2800 GTS е заснован на серијата Е9 купе возила кои баварскиот гигант за производство на автомобили ги правеше во седумдесетите години на 20 век
За дизајнот на овој исклучително редок BMW 2800 GTS со елегантни линии е заслужен Италијанецот Пјетро Фруа, кој ја обликуваше целосно новата каросерија. Примерокот кој го објави BMW е неодамна реставриран во одделението на баварскиот гигант Group Classic каде на старите автомобили им се враќа стариот сјај.
Соработката на автомобилските производители со производители на каросерии не било ништо невообичаено кон средината на минатиот век. Тоа го натера и BMW пред 60-тите години заедно со италијанскиот производител на каросерии Frua да го создаде прототипот 2800 GTS. Специјалните италијански моменти во историјата на BMW вклучуваат и некои студии на Frua. Откако BMW го откупи автомобилскиот производител Hans Glas во 1966 година, италијанската компанија го загуби еден од најлојалните клиенти. За да ја продолжат соработката со новиот сопственик од Минхен, Frua започнува преговори и предлага различни идеи.
Една од тие е токму 2800 GTS, базирано на BMW E9 Coupe. Ова елегантно купе предизвика воодушевување на автомобилските саеми во Франкфурт, Париз, Женева и Барселона, по што трагата на ова купе се губи се додека BMW Classic Group не го пронајде и откупи за потоа целосно да го реставрира и да го врати својот стар сјај.
Дизајн на кој можат да му позавидат и најновите модели на BMW
Инаку, ова возило во осумдесетите години од минатиот век беше префарбано во црвена боја, но реставраторите сега ја вратија неговата првична препознатлива нијанса на зелена боја која ја имаше ова возило на почетокот. Инаку, овој примерок музејот на BMW во Минхен го откупи од тогашниот сопственик уште пред десетина година, за во периодот од 2017 до 2019 да доживее целосна обнова.
Она што привлече внимание и секако треба да се спореди е маската од ладилникот и препознатливите „бубрези“ на тогашниот автомобил, со оние на BMW автомобилите од најновата генерација. Разликата дефинитивно е огромна. Со својот елегантен и едноставен дизајн, на 2800 GTS можат да му позавидат и најновите модели на BMW.