fbpx

BMW официјално го претстави концептот i4

Германскиот производител денеска официјално го претстави моделот i4 во концептуална форма, а за серискиот примерок ќе треба да се почека уште некое време

Новиот BMW Concept i4 ќе биде „наследник“ на Vision Dynamics студијата претставена во 2017 година, а ќе еволуира во нешто чиј најдобар опис е елекрична Серија 4 Gran Coupe. Прес материјалот дојде со фотографии и краток текст, што не треба да зачудува бидејќи Баварците веќе открија многу детали за својот модел.

Серискиот модел на i4 ќе пристигне во 2021 година кога BMW би требало да го прикаже автомобилот за сериско производство. Од i4 се очекува многу, бидејќи сличните автомобили станаа мошне популарни кога станува збор за електричните модели. Она што од BMW го потврдија е дека овој концепт ќе користи батерија од 80 kWh што ќе овозможи со едно полнење да се минат 600 километри.

BMW i4 располага со 523 КС и тоа му овозможува убедливи перформанси и го става рамо до рамо со моделите опремени со V8 мотор. Така, овој автомобил од нула до „стотка“ стигнува за приближно четири секунди, додека максималната брзина е ограничена на 200 километри на час. i4 ќе се произведува во Минхен, а кога ќе снема енергија од батеријата тешка 550 киломграми, капацитетот на полнење до 150 kW пружа можност батеријата од 0 до 80 проценти да се дополни за 35 минути, односно за шест минути може да се складира доволно енергија за да се минат 100 километри.

Откако коронавирусот го откажа Салонот во Женева, германскиот бренд одлучи концептуалниот модел да го претстави преку дигитален пат. Инаку, во текот на вчерашниот ден како најава за денес, BMW ги објави и првите официјални фотографии од i4.

Поврзани вести

Back to top button