fbpx

Road Rover притигнува до крајот на 2021 како електрично возило

Моделот Road Rover е дел од планот на Jaguar Land Rover кој ги вклучува и новите адути на Jaguar како што се XJ и J-Pace

Веќе е познато дека Jaguar планира својот знаменосец во сегментот XJ во новата генераиција да го претстави како чисто електричен модел. Од моделот се појавија и неколку шпиунски фотки во повеќе наврати, додека официјалната премиера е закажана за оваа година. Британскиот конкурент на Mercedes EQS и неодамна најавениот BMW Серија 7 Electric, ќе биде првиот носител на новоразвиената MLA (Modular Longitudinal Acrhitecture) платформа на Jaguar Land Rover. Според плановите, до крајот на 2021 година на оваа архитектура ќе бидат поставени уште два модели, големиот SUV J-Pace, како и мистериозниот Road Rover.

За J-Pace е познато дека ќе биде во понудата со електричен, но и со конвенционален погон, со повеќе „авангарден“ стајлинг и полуксузен кабински простор во однос на помалиот F-Pace, деталите околу Road Rover се уште остануваат мистерија. Не е познато дали тој официјално ќе настапи под некое ново име, и покрај тоа што називот кој е заштитен во 2018 година го сугерира спротивното.

И покрај тоа што самиот збор „Road“ во името укажува на тоа дека овој новајлија ќе биде предвиден пред се за асфалтните патишта, тој и понатаму е означен како кросовер. Сепак, треба да се очекува да има нешто помал клиренс и нешто поинаква каросерија. Се претпоставува дека ќе пристигне во форма на нешто поиздигнат караван. Со оглед на тоа дека Jaguar и Land Rover имаат прилично голема понуда на кросовери и SUV модели, не треба да се запостави и овој податок.

Сите три модели – XJ, J-Pace и Road Rover, се дел од инвестицијата од милијарда фунти во фабриките во Касл Бромич и Солихал, односно нивното оспособување за MLA платформата. Новата архитектура е конструирана на тој начин да може да прими и електромотори, SUS агрегати, како и нивна комбинација, што значи дека во JLR планираат и хибридни верзии.

Поврзани вести

Back to top button