fbpx

Volkswagen и Audi ги променија своите лога поради коронавирусот

Германските автомобилски гиганти ја поддржаа кампањата за социјална дистанца во текот на пандемијата на коронавирусот на мошне креативен начин

Светската здравствена организација, како и владите ширум светот, апелираат овие денови константно за неопходното одржување на растојание меѓу луѓето со цел да се намали можноста за пренесување и ширење на коронавирусот. Во целата кампања се приклучија и германските автомобилски гиганти Volkswagen и Audi, кои на мошне интересен и симболичен начин со промена на распоредот на елементите на своите лога и раздвојување на истите ја поддржаа кампањата за социјално дистанцирање овие денови.

За таа цел, Volkswagen ги раздели буквите „V“ и „W“ на својот амблем и сликовито покажа дека е неопходно да се одржува меѓусебно растојание среде пандемијата на коронавирусот.

https://youtu.be/JcKP_-VB6xY

Audi во својот апел се вклучи на сличен начин, раздвојувајќи ги четирите испреплетени „прстени“ на своето славно лого, што е за прв пат во историјата на оваа компанија да се одлучи на ваков потег со логото кое постои уште од 1932 година. Покрај раздвојувањето на логото, тука е и пораката: „Да не ги напуштаме нашите домови, да оддржуваме растојание, да останеме здрави, да се поддржуваме едни со други“.

Навистина интересен потег на Volkswagen и Audi и одличен начин да се приклучат во кампањата за борба против ширењето на коронавирусот.

Поврзани вести

Back to top button