Ferrari и PSA го рестартираат производството во април
PSA групацијата се подготвува да организира продолжување на производството, а иако Италија е парализирана, се очекува и Ferrari да ги рестартира погоните во април
Плановите на PSA предвидуваат нови и најстроги заштитни мерки во поглед на здравјето на работниците. На овој начин, ќе биде оживеано производството во европските фабрики на компаниите кои по ред се повлекуваа пред пандемијата на коронавирусот. Слична е ситуацијата и со Ferrari.
Италијанскиот бренд беше еден од последните производители во низата кои го запреа производството, кон средината на март. Италијанците планираа повторно да започнат активност уште на 27 март, меѓутоа, по се изгледа новите автомобили ќе се симнуваат од производствените ленти почнувајќи од 14 април.
Ова секако најверојатно нема да значи дека Ferrari ќе успее да ги достигне, пред пандемијата проектираните 1,4 милијарди годишни приходи, но тоа нема да им смета сепак да се обидат да направат дополнителен исчекор во желба да ја зголемат својата продажба.
Исто како и челниците на француската групација, така и раководството на Ferrari наведува дека ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел да се обезбеди здравјето на вработените и доброто за акционерите“.
Плановите на PSA беа слични како на Ferrari, односно да започнат со производство од 27 март, но новиот старт е одложен за да се воведат построги мерки за здравствена превентива, без детални образложенија во смисла што се тоа би можело да подразбира, покрај стандардните и за вакви прилики вообичаени акции.
Како и да е, индустријалците тежнеат да ги намалат загубите и обезбедување на услови да се испорачаат возилата кои се нарачани во предпандемискиот период. Не треба да се потцени ниту желбата на акционерите да го искористат целиот потрошувачки занос кој се очекува да го зафати населението по прогласувањето на крајот на епидемијата.