Apollo IE – чудовиштето од Хонг Конг со германски корени
Apollo IE доаѓа со V12 мотор и без турбо и хибриден систем, а IE значи Intensa Emozione што е сосема јасно какви карактеристики има хипер автомобилот на ревитализираната марка
Apollo е наследник, или ако сакате следната фаза од развојот на компанијата Gumpert, основана од Роланд Гумперт. Сепак, тој веќе не е дел од компанијата, која сега е со седиште во Хонг Конг и го презеде името како што се викаше пред тоа – Apollo. Исто како на почетокот и Gumpert, така и во Apollo имаат јасна цел – да создадат возбудливи и интересни автомобили кои по ништо нема да отстапуваат од конкурентите компаниите во овој елитен пазарен сегмент.
Моторот на IE-6,3-литарски атмосферски V12, со ограничувач на брзината на 9.000 вртежи во минута. Доаѓа од Autotecnica Motori и претставува сериозно дизајниран мотор на Ferrari, кој инаку се користи во моделите F12tdf и LaFerrari. Неговата моќ е 780 коњски сили, а ова е по договор со Autotecnica Motori. Високите стандарди поставени од моторот се однесуваат на целиот автомобил. Автомобилот е изграден околу монокок од јаглеводородни влакна, а истите компоненти се произведени од страна на компанијата која создава слични компоненти и за Pagani. Тежината на шасијата е само 105 килограми, а вкупната тежина на IE изнесува 1.250 kg, што не е многу, со оглед на моќта на моторот …
Моторот e во спрега со 6-брзински Hewland секвенцијален менувач со варијабилни преносни степени. Сето ова значи многу брзина и динамика. Максималната брзина е 335 km/h, a забрзувањето од 0 до 100 km/h – 2,7 секунди. Сета оваа моќ, сепак, мора да биде добро избалансирана на патот. Двата главни елементи во аеродинамичниот пакет на IE се предните и задните крила. Со брзина од 300 km/h тие генерираат удар од 1.350 килограми. Во однос на аеродинамичката ефикасност, ИЕ се приближува кон LMP2 прототип кој настапи на 24 часа Ле Ман.
IE е создаден од тим млади инженери – најстариот меѓу нив е шефот на компанијата кој има 45 години. Главниот дизајнер има 27, а инженерoт одговорен за аеродинамиката – 23 години. Компанијата планира да произведе 10 модели, секој по цена од најмалку 2,3 милиони евра.