Индустријата за акумулатори и батерии неопходна во борбата со пандемијата
Пандемијата на коронавирусот продолжува да се шири задавајќи сериозен удар врз автомобилската индустрија која веќе се насочи кон борбата со Covid-19
Автомобилските производители веќе го заменија своето производство на возила со производство на респиратори, вентилатори, маски, заштитни визири и секаков вид на опрема кој е неопходен за борбата против пандемијата. Производителите на компоненти исто така даваат свој придонес во сето ова, но веројатно меѓу најважните е индустријата за акумулатори и батерии. Производителите на овие компоненти се означени како суштински потребни во ланецот за борба и справување со коронавирусот.
Имено, индустријата за акумулатори и батерии во овие моменти е неопходна пред се поради тоа што ги обезбедува со енергија за непречено работење сите возила на Брзата помош, комерцијалните возила и складовите за достава на лекови и храна, но и пред се болниците, дополнителните помошни медицински објекти, опремата и апаратите.
Производство под посебни мерки на заштита
Голем број земји ширум светот одлучија да дадат совет за затворање на речиси сите погони кои не се дел од онаа најнеопходната и најесенцијалната индустрија. Сепак, со оглед на тоа дека производителите на акумулатори и батерии ги одржуваат мерките за заштита на вработените на високо ниво, но и за цел да не настане дефицит на неопходните ресурси кои се суштински дел од генерирањето на енергија за здравствените установи, одлучено е големите фабрики и продажни центри кои се дел од оваа индустрија да продолжат со работа при специјални мерки за заштита на вработените.
Иако побарувачката во моментов очекувано е намалена, производителите напоменуваат дека нема потреба за стравување од евентуален недостиг на акумулатори на пазарот, но исто така напоменуваат дека нема простор за паника поради екстремно лошите економски последици, негативните економски резултати и на крајот, отпуштање на работниците. Челниците на Bosch, Exide, Leoch, Enersys и останатите производители, истакнуваат дека иако побарувачката за OEM првично вградување ќе биде намалена, напоменуваат дека ќе се произведува за оние корисници кои веќе ги користат нивните производи и ќе помогнат во одржувањето на автомобилите, комерцијалните возила и возилата на итните служби кои се подготвени за извршувањето на потребите. Со тоа оваа индустрија ќе биде една од оние кои најмалку ќе бидат погодени од целата криза и што е најважно, ќе придонесе за помош на останатите кои се загрозени во овие моменти.
Брза и навремена реакција за покривање на потребите
Првиот човек на Exide Technologies Group, Тим Варго, истакна дека мотото на Exide во овие тешки моменти за светот и човештвото гласи „Сите сме заедно во ова“ и оваа компанија е целосно вклучена во борбата против пандемијата на коронавирусот. Како основен приоритет се истакнува заштитата на луѓето кои ќе се најдат во производствените капацитети и во ланецот на продажба и дистрибуција, што, како што истакнува, веќе е стандард во сите капацитети на Exide во последните години. Како втора цел се напоменува брзата и навремена реакција кој сите итни потреби од институциите и луѓето кои директно се борат со глобалната пандемија.
„Батери Еволушн“, кој важи за еден од најголемите увозници на акумулатори во нашата земја, во моментов располага со залихи од над 4.000 акумулатори од брендовите Exide, Hagen, Rombat, Sonnenschein, Marathon, Powerfit, Unibat и така натаму. Компанијата во специјални услови за работа и високо поставени стандарди за заштита на дежурните служби ги покрива потребите на институциите, транспортните компании, производителите, фабриките и физичките лица кои имаат неодложна потреба за акумулатори и батерии. Од компанијата напоменуваат дека цените на нивните производи остануваат непроменети, а тука се дополнителните поволности при дистрибуција, како и условите на плаќање и сервисирањето.