fbpx

Lamborghini произведува хируршки маски и визири

Италијанскиот производител на луксузни суперавтомобили Lamborghini се приклучи во напорите на тамошните власти во борбата против пандемијата на коронавирусот

Lamborghini направи конверзија на неколку одделенија во својата фабрика во која инаку се склопуваат автомобилите, така што тука сега наместо луксузни „спортисти“ се произведуваат хируршки маски, но и визири за заштита на лицата на оние кои се во првите борбени редови против Covid-19.

Прес службата на италијанскиот бренд соопшти дека комплетната медицинска опрема која ќе биде произведена ќе биде донирана во болницата во Болоња за борба против епидемијата на коронавирусот.

Lamborghini потврди дека со производството на медицинската опрема се занимава одделението кое инаку работи на продукција на елементите од ентериерот на возилата. Италијанската компанија наведува дека нејзиниот капацитет изнесува 1.000 хируршки маски на дневно ниво и 200 визири. Визирите се прават со помош на 3D печатачи кои инаку ги користи одделението на компанијата кое е задолжено за истражување и развој на новите возила.

Lamborghini

Извршниот директор на Lamborghini, Стефано Доменикали, изјави дека должност на овој производител е да помогне во текот на оваа голема криза. „Кога ситуацијата е ваква, чувствуваме потреба да дадеме свој конкретен придонес. Одлучивме да ја поддржиме болницата во Болоња, со која соработуваме години наназад. Ова е битка која можеме да ја добиеме само со заедништво, со поддршка на оние кои во првите редови се борат со пандемијата“, изјави шефот на Lamborghini.

Поврзани вести

Back to top button