И Hyundai го менува своето лого поради коронавирусот
Откако Audi, Volkswagen, Mercedes и уште неколку автомобилски производители ги променија своите амблеми, на истиот чекор се одлучи и Hyundai
Автомобилските гиганти започнаа тренд со менување, односно разделување на своите лога со што се приклучија во кампањата за социјално дистанцирање што е веројатно најважната мерка во борбата со пандемијата на коронавирусот и спречувањето на нејзиното ширење. Volkswagen групацијата активно се вклучи во промоцијата на оваа мерка, а сега се активираа и некои други компании како Hyundai.
Со пандемијата предизвикувајќи хаос ширум светот, здравствените експерти се согласни дека социјалното дистанцирање е најдобриот начин за прекин на ширењето. Тоа значи избегнување на јавни собири, но и едноставни работи како физички контакт. Автомобилските производители трпат големи штети поради пандемијата, како што е прекин на производството, откажување на промоции и премиери и Салони за автомобили, привремено затворање на продажни салони, а дури се „принудени“ и да ги менуваат своите лога. Еден од последните производители кои се вклучија во оваа кампања е токму Hyundai.
Did you know that our logo represents two people shaking hands? We reimagined it since #socialdistancing is important for all of our safety.
#strongertogether #hyundai #progressforhumanity pic.twitter.com/yFZzfOUFK4— Hyundai Worldwide (@Hyundai_Global) March 30, 2020
Корејскиот производител реагираше во оваа кампања и преку својот Twitter профил го објави новото решение.. Имено, логото на Hyundai во облик на закосена буква „H“ всушност прикажува ракување на две лица. Со оглед на тоа дека во овој период се препорачува да се избегнува ракување и наместо тоа се препорачува поздравување користејќи ги лактовите, Корејците сега тоа лого малку го освежија.
Ракувањето со некого овие денови навистина не е препорачливо, а токму тоа е она што Hyundai сака да го порача со промената на својот амблем.