fbpx

Еволуцијата на електричните автомобили низ годините (Видео)

Време е да се фрли поглед врз тоа колку електричните автомобили се променија во текот на изминатите неколку години

Електричните автомобили стануваат се попопуларни ширум светот. И додека постојат голем број причини поради кои сето ова е точно, големиот напредок на самите автомобили секако е главниот „мотиватор“ за еволуцијата на електричните автомобили.

Една едноставна причина поради која луѓето купуваат електрични автомобили овие денови е тоа што тие стануваат се повеќе достапни. Луѓето се се повеќе експонирани на електричните автомобили отколку што тоа беше случај пред неколку години. Тоа е поради фактот што се повеќе модели се достапни во голем дел од светот. Не само тоа, повеќето од тие модели се многу повеќе „несовладливи“ отколку што биле некогаш. Компанијата Tesla е инструментален дел од производството и продажбата на популарни електрични автомобили на светскиот пазар. Нивното присуство во секојдневните вести, без разлика дали се позитивни или негативни, ги ставаат електричните автомобили во фокусот.

Видеото кое е во прилог и е објавено од страна на Formula E ги посочува клучните пет дела за еволуцијата на електричните автомобили во изминатите пет години. Го посочува експоненцијалниот раст во бројот на достапни електрични автомобили, продажните успеси во сегментот и огромниот напредок во капацитетот на батериите, автономијата и брзината на полнењето. Секако, растот на инфраструктурата за полнење исто така е голем стимулатор кога станува збор за форсирањето на електрични автомобили.

Во видеото исто така се споменува и намалувањето на штетните гасови. Иако ова е веројатно најпозитивниот импакт за транзиција од конвенционални горива кон електричните возила, сепак не е причината поради која типичните купувачи ќе направат промена. Сепак, доколку сфатат кои се погодностите за полнење во домашни услови и колку пари би можеле да заштедат на гориво, тие би се предомислиле.

Поврзани вести

Back to top button