Citroën подготви замена за C4 и C4 Cactus
Во француската компанија под закрилата на PSA групацијата развиваат нов модел кој ќе ја пополни празнината настаната со прекинот на производството на моделот C4 Cactus
Иако наиде на голем број критики ширум светот, практичниот модел Citroën C4 Cactus не ги исполни очекувањата кога станува збор за продажните резултати, па во PSA групацијата одлучија дека кросоверот со необичен дизајн треба да замине во пензија. Citroën пред крајот на годината ќе го покаже својот адут во C сегментот, односно алтернативата за C4 и C4 Cactus, бидејќи француската компанија одлучи престојниот модел да биде замена за двата претходни модела.
Според шпиунските фотографии кои протекоа во јавноста, може да се забележи камуфлиран прототип кој открива „фестбек“ облик на и понатаму подигната каросерија со препознатливите дизајнерски елементи и мерки кои се вклопуваат во стандардите од C сегментот. Citroën својот нов модел ќе го базира на CMP платформата, па така покрај конвенционалните погонски единици, во понудата би можело да се најде и целосно електрична варијанта. Кога станува збор за SUS агрегатите, се очекува во понудата да бидат само два мотори – 1,2-литарскиот трицилиндерски бензинец и 1,5-литарски четирицилиндерски дизел.
Се очекуваше Citroën да го прикаже новиот модел во Женева
Кога станува збор за електричната варијанта, би било логично да дојде до „трансплатација“ на технологијата од Peugeot е-2008, односно и моделот на Citroën да користи батерии со капацитет од 50 kWh и електромотор со моќност од 136 КС. Француската марка во новиот модел сигурно ќе имплементира и низа нови современи системи за асистенција во возењето. Освен тоа, сигурно е дека во кабината ќе биде направена драстична разлика во однос на моделите кои новиот кросовер би требало да ги замени. Веројатно е дека ќе видиме и дигитална инструмент табла, како и голем екран за контрола на инфозабавниот систем.
Засега не е познато кога Citroën планира официјално да го претстави новиот модел, иако најпрво се очекуваше тоа да биде пред почетокот на Салонот во Женева, каде ќе ја имаше својата официјална премиера, но поради познатите компликации со пандемијата, манифестацијата е откажана, а ниту Citroën не го покажа својот нов модел. Сепак, според најавите, идниот кросовер би требало да се најде на пазарот кон крајот на оваа, или почетокот на следната година. Во согласност со тоа, веројатно е дека премиерата на новото возило ќе имаме шанса да ја проследиме кога пандемијата ќе стивне.