fbpx

Hennessey го откри неговиот нов адут-Venom F5

Два часа пред официјалната премиера на целосно нова суперспортска изведба Venom F5, американската тјунинг компанија Hennessey Performance (HPE) го понуди првото видео на новиот кандидат за титулата најбрз автомобил во светот

Во момнетов од HPE не коментира детали за својот нов проект Venom F5, за кој сепак знаеме дека името е преземено од степенот на најмоќното торнадо, каде брзината на ветерот е меѓу неверојатни 420 и 512 km/h.

Venom F5

Venom F5

На крајот на јуни, од Hennessey најавија дека Venom F5 е целосно нов проект, со уникатнa шасија и дизајн, кои ќе бидат меѓу главните фактори за постигнување на целта – 480 km/h максимална брзина на движење. Како главен конкурент на својата нова изведба, од компанијата посочуваат Bugatti Chiron, а крајната цел е круната за најбрз сериски автомобил во светот.

Поврзани вести

Back to top button