fbpx

Volkswagen Golf R пристигнува кон крајот на годинава

Првичниот план беше Golf R да дебитира на Greenwood Фестивалот на брзината ова лето, но актуелната ситуација диктира поинаков пристап

Пандемијата на коронавирусот го спречи Volkswagen на јавноста во живо да и ги претстави GTE, GTI и GTD варијантите на Golf оваа година во Женева. Но, изгледа дека оваа епидемија ќе доведе до уште едно одложување. Volkswagen Golf R верзијата требаше да биде прикажана во текот на летото, но по се судејќи тој настап е одложен. Поради тоа, пореално е најмоќното сериско издание на Golf од осмата генерација да го видиме кон крајот на тековната година.

Новата генерација на Volkswagen Golf R е во завршна фаза од својот развој, а неодамна беше фотографиран за време на тестирањата во зимски услови. Пред извесно време беше објавено дека Golf R ќе биде напојуван од EA286 2,0-литарски четирицилиндерски турбобензински мотор кој се наоѓа и во новиот GTI модел. Сепак, наместо 242, ќе испорачува 328 КС. Моќноста ќе се пренесува на сите четири тркала преку седумстепен DSG менувач и 4MOTION систем. Мануелниот менувач нема да биде во понудата. Новиот Golf R од нула до „стотка“ ќе забрзува за 4,5 секунди. Максималната брзина ќе биде електронски ограничена на 250 километри на час.

Volkswagen Golf R

Инаку, Volkswagen Golf R ќе биде еден од посуптилните перформансни хечбек модели. Со тоа, тој нема да се разликува многу од Golf R-Line. На предниот дел се гледаат измените кај браниот и маската од ладилникот. На задниот браник се интегрирани две двократни завршетоци на издувни цевки, а поголемите тркала со пет краци кријат поголеми кочници со R сини кочнички клешти. Слична е ситуацијата и во внатрешноста, бидејќи кабината во главно е слична со онаа во стандардниот Golf. Разлика прават спортските седишта со R ознака. Но, исто така и управувачот со рамниот долен дел и сината украсна линија која ја опкружува целата внатрешност.

Осмата генерација на Golf постави целосно нов стандард кога станува збор за инфозабавниот систем. Затоа се очекува дека R моделот да го искористи тоа и стандардно ќе пристигне со дигитална инструмент табла. VW би можел да понуди и 10-инчен централен екран чувствителен на допир, како и мал панел исто така чувствителен на допир наместо мануелни копчиња, што е опција во остатокот од понудата.

Поврзани вести

Back to top button