Објавени нови информации за следната генерација на BMW Серија 7
Баварскиот автомобилски гигант BMW подготвува големи промени за следната генерација на Серија 7
BMW Серија 7 минува низ период на трансформација. Престојниот модел ќе биде понуден со стандардни SUS агрегати, но и како plug-in хибрид. Освен тоа, во план е Серија 7 да добие и свое електрично издание. Новите информации кои се појавија на интернет говорат за моторизацијата на новата „седумка“. Според неофицијални информации, во понудата ќе се најдат варијантите 735d и 740i. Двата користат 3,0-литарски редно поставени шестцилиндерски мотори, со тоа што првиот е дизелски, а вториот бензински мотор. Според информациите, и 745е ќе остане дел од гамата.
Освен тоа, се истакнува дека новата Серија 7 ќе има дури две М перформансни верзии. Се наведува дека двете вакви изданија всушност ќе бидат електрифицирани, со тоа што едниот ќе биде plug-in хибриден модел, а вториот ќе биде чисто електричен автомобил. Кога станува зор за plug-in хибридот, тој ќе го замени актуелниот 750i со V8 агрегат. Наместо оваа погонска единица, ќе се користи хибриден склоп од 3,0-литарски агрегат и електромотор, а вкупната моќност би требало да надминува 500 КС.
Врвот на понудата кај Серија 7 во овој момент е M760Li, но тој своето место ќе му го препушти на електричниот модел, а официјалната ознака се уште не е позната. Според некои информации, можно е да биде Mi7, или пак i7 M60, но засега нема никакви назнаки дека некоја од овие ознаки би можела да се најде на финалниот производ. Електричната верзија би требало да користи два електромотори, со тоа што на возачот на располагање ќе му бидат најмалку 650 КС, а според некои информации батеријата ќе пристигне со капацитет од 100 kWh, па вака опремената „седумка“ би можела да има автономија до 640 километри со едно полнење.
Две различни варијанти на електричната Серија 7
Она што е од претходно познато е дека i7 дефинитивно ќе претставува „стандардно“ електрично издание на Серија 7. Тука истот ака се зборува за две варијанти. Се верува дека во понудата ќе бидат модели со ознаки i740 и i750, со тоа што првиот ќе има погон само на задната осовина. Според ова, веројатно само i740 ќе има еден електромотор, додека i750 ќе располага со електромотор и погон на двете осовини. Нема прецизни информации за тоа со колку коњски сили ќе може да се пофалат наведени електрични модели, но според информациите може да се очекува некаде меѓу 350 и 450 КС.
Според она што може да се заклучи и што е во согласност со претходните најави на раководителите на баварскиот бренд е дека V12 агрегатот дефинитивно ќе замине во заборав, па така со следната Серија 7, BMW отвора ново поглавје во својата историја.