fbpx

Последниот произведен Porsche 911 Speedster оди на хуманитарна аукција

Последниот модел на Porsche 911 Speedster кој е симнат од производните ленти оди на аукција од хуманитарен карактер која ќе ја организира RM Sotheby's

Германскиот производител Porsche објави дека последниот произведен 911 Speedster од серијата 991 ќе биде понуден на аукција која ќе започне в среда и ќе трае седум дена, а ќе биде организирана онлајн од страна на аукциската куќа RM Sotheby’s, додека собраните средства Porsche ќе ги уплати во Меѓународен фонд наменет за борба против пандемијата на коронавирусот.

Идниот сопственик на 911 Speedster ќе добие извонредно опремен автомобил кој има минато само триесетина тестни километри, но и шанса да погледне во развојниот GT оддел на Porsche и да го испроба автомобилот на тест патеката во фабриката на германскиот производител.

Porsche 911 Speedster

Во рамките на одбележувањето на 70-тиот роденден на компанијата Porsche 911 Speedster моделот го произведе во симболични 1.948 примероци, а овој двосед се напојува со 4,0-литарски шестцилиндерски атмосферски boxer мотор кој располага со 510 КС и 470 Nm најголем вртежен момент, со што се овозможува спринтот од нула до „стотка“ да се достигне за четири секунди, а максималната брзина изнесува 310 километри на час. За пренос на моќноста на задната осовина е задолжен рачниот шестстепен менувач.

Поврзани вести

Back to top button