fbpx

Жил Видал од Peugeot со обраќање во живо преку Instagram

Директорот за дизајн на францускиот производител, Жил Видал, ќе има свое обраќање кое ќе биде проследено во живо преку социјалните медиуми на Peugeot

Жил Видал е човекот кој е задолжен и стои зад дизајнот на автомобилите од Peugeot, кои во последните години воодушевуваат со својот изглед и освојуваат престижни награди за извонреден дизајн. Затоа, директорот за дизајн на француската компанија денеска ќе има обраќање во живо кое ќе биде проследено преку официјалниот Instagram профил на Peugeot.

Видал е автомобилски дизајнер кој на директорската функција во Peugeot е од 2010 година, а неговата работа е и тоа како воочлива на новите модели на француската компанија, но и на останатите членки на PSA групацијата. Неговиот удел и одговорност во новиот дизајнерски јазик на Peugeot е од клучна важност и еден од главните лица задолжени за новиот идентитет на францускиот производител кој беше најавен во 2010 година.

Обраќањето на Жил Видал ќе се одржи денес (16.04) со почеток од 18:00 часот и можете да го следите во живо преку Instagram профилот на Peugeot.

Поврзани вести

Back to top button