fbpx

Lister со тизер го претстави Stealth, најбрзиот SUV на светот

Lister во моментов се занимава со модификација на автомобилите кои ги произведува Јaguar, а по две години го претстави Lister Stealth, базиран на F-Pace

Lister Motor Company својата репутација ја стекна кон средината на 20 век преку учество во авто-мото спортот. Сопствениците се менуваа низ текот на годините од основањето во 1954 година, а во моментов компанијата се заминава со преработка и модификација на моделите на Jaguar. Пред речиси две години, компанијата го најави моделот LFP, тјуниран Jaguar F-Pace, а сега објави тизер како најава за Lister Stealth, „најбрзиот SUV на светот“.

За прв пат може да се слушне звукот на компресорскиот 5,0-литарски V8 мотор кој звучи возбудливо. Не е познато што Lister конкретно направи со погонската единица на Jaguar, но она што е познато е дека испорачува 684 КС. Производствената верзија е ограничена на само 250 примероци, од кои секој ќе може да достигне 322 километри на час, а со самото тоа се очекува да ја заработи „титулата“ најбрз SUV на светот, што е прилично смела етикета наметната од Lister, но со оглед на тоа дека од компанијата истакнуваат дека од нула до „стотка“ Stealth ќе стигнува за само нешто повеќе од 3,5 секунди, тогаш треба да се верува во тие најави.

Тизерот кој го објави Lister не открива премногу детали, но сепак може да се забележи поагресивна каросерија од вообичаената. Тоа се однесува на анфасот, како и задниот дифузор од карбон, кој опфаќа четири завршетоци на издувни цевки. Тука се и големиот број Lister ознаки – од потпирачите за глава, преку праговите, се до беџот на маската од ладилникот…

Засега се уште не е познато кога ќе започнат првите испорачи до купувачите, но според шефот на компанијата, Лоренс Витакер, се чека крајот на пандемијата за да се направи адекватна премиера на возилото.

Поврзани вести

Back to top button