Hyundai го претстави перформансниот Veloster N со нов менувач
Наместо со поголем мотор, Hyundai го претстави новиот перформанснен модел Veloster N кој пристигнува со нов автоматски менувач
По шпекулациите дека во N одделот на Hyundai подготвуваат верзија на Veloster која ќе се напојува со 2,5-литарски турбобензински мотор, јужнокорејскиот производител го претстави својот модел и ги демантираше овие гласини, но Veloster N наместо со помоќен мотор пристигнува со нов автоматски менувач за подобри перформанси.
Станува збор за N DCT на Hyundai, целосно нова осумстепена трансмисија со двојна спојка, која дебитира токму во овој Veloster N модел, а благодарение на која на предната осовина се пренесува поголем вртежен момент. Имено, новиот менувач на Veloster го зголеми максималниот вртежен момент од 350 на 380 Nm, додека пак автомобилот и понатаму се напојува со 2,0-литарскиот четирицилиндерски турбобензински мотор кој во стандардната верзија нуди 250 КС со 353 Nm, односно 275 КС со 353 Nm во Performance пакетот. Сепак, според Hyndai, зголемениот вртежен момент е обезбеден благодарение на системот NGS (N Grin Shift) кој во комбинација со адаптивниот автоматски менувач го зголемува вртежниот момент во двата случаи на 377 Nm.
Новата трансмисија исто така пристигнува со N Power Shift (NPS) и N Track Sense Shift (NTS) системи кои ги контролираат промените на степенот на пренос во зависност од ситуацијата. Сите овие поставки можат да се контролираат преку 8-инчниот екран од инфозабавниот систем, кој доаѓа во комбинација со JBL премиум аудио уред.
Купувачите можат да сметаат и на нов опционен пакет со кој пристигнуваат полесни N Light Sports предни седишта. Покрај тоа што оваа верзија е полесна за два килограми, истата поседува осветлено лого на горниот дел од потпирачот. Кога станува збор за естетиката, новиот Veloster N, кој беше развиван на Nürburgring не доаѓа со промени на каросеријата.
Продажбата на Veloster N во Јужна Кореја започнува овој месец, а потоа следува и на останатите пазари.