fbpx

Lanzante Motorsport го оспособува McLaren P1 GTR за јавните патишта

Lanzante Motorsport со години учествува во тркачките активности на McLaren, а сега ќе подготви шест верзии на тркачкиот P1 GTR за користење на јавните патишта

Британскиот тим Lanzante Motorsport веќе долги години соработува со McLaren, пред се во тркачките активности, а меѓу најголемите успеси од оваа соработка без сомнение е првото место во генералниот поредок на легендарната трка 24 часа Le Mans, кое во 1995 година го освои McLaren F1 GTR

По неколкуте направени модификации и конверзии врз овој модел, од Lanzante Motorsport им овозможија на заинтересираните купувачи да поседуваат свој примерок на тркачкиот McLaren F1 GTR кој може да се користи во секојдневниот живот, односно на јавните патишта и улици. Сега, во Lanzante одлучија истиот рецепт да го искористат и со хибридниот наследник чие тркачко издание се крие зад ознаката P1 GTR.

Lanzante Motorsport

Lanzante Motorsport „цивилното“ издание на P1 GTR ќе го понуди во само шест примероци, а секој P1 GTR-18 ќе биде во една од „воените бои“ кои своевремено ја красеа каросеријата на тркачките верзии на McLaren F1 GTR-97. Примерокот кој е претставен на фотографиите на себе ја носи легендарната комбинација на бои кои ја претставуваа американската нафтена компанија Gulf.

Lanzante Motorsport

За возачот и неговиот совозач ќе има слушалки за меѓусебна комунијација, а конкретниот примерок, чија хибридна погонска група во тркачката конфигурација нудеше 1.000 КС, ја нарачал купувач од САД.

Поврзани вести

Back to top button