Франција подготвува пакет мерки за помош на Renault
Автомобилските производители се жестоко погодени од пандемијата на коронавирусот, а меѓу нив е и Renault чија продажба се намали за речиси 20 проценти во првиот квартал од годинава
Францускиот министер за финансии најави дека владата подготвува пакет перки кои ќе бидат претставени како поддршка за Renault и Air France вредна повеќе милијарди евра, а се со цел да се надминат последиците од избивањето на пандемијата со новиот коронавирус. Министерството за финансии на Франција, само за потребите за одржување на ликвидноста на Renault, ќе одобри потпишување на гаранција за отплата на кредит од 5 милијарди евра.
„Она што чиј опстанок сега е доведен во прашање е автомобилската индустрија. Renault како компанија е лидер на нашата индустрија. Дел од нашата култура и нашата историја“, изјави министерот за финансии на Франција.
Renault минатата недела истакна дека реализацијата опаднала за 19,2 проценти во текот на првиот квартал од годинава, а причина за тоа секако е колапсот на пазарот предизвикан од пандемијата на коронавирусот. Причината поради која Владата на Франција нуди помош за Renault е фактот дкеа државата, односно владата е ко-сопственик и акционер во компанијата.
„Оваа криза има историски размери и ќе потрае со години. Ќе има долгови, ќе биде тешко. Сакам секој претприемач да знае и да почувствува дека државата ќе биде со него. Франција ќе направи се што е во нејзина моќ да ги спаси своите компании и повторно да ја стартува економијата.
Сепак, треба да се нагласи уште еднаш дека Renault нема да добие 5 милијарди евра од француската држава, туку владата ќе помогне компанијата да се задолжи за износот кој подоцна, со камата, ќе мора да го врати во банките.