Bugatti започнува со испорака на ексклузивниот Divo од пет милиони евра
Bugatti ја започнува испораката на моделот Divo чија серија е ограничена на само 40 примероци, а секој автомобил чини неверојатни пет милиони евра
Во летото 2018 година беше прикажан првиот модел на Bugatti Divo, автомобил кој е во ограничена серија и кој веднаш го доби називот најексклузивен автомобил на пазарот. Divo се соочи со тешка задача, а тоа е да биде поинаков од Chiron, но и да биде подобар.
За време на развивањето на шасијата, Divo помина повеќе од 5.000 километри и разви брзина од 368 километри на час во еден момент, а инженерите успеаја да го олеснат за 35 килограми, а голем дел од компонентите се направени од карбон. По две години подесувања и тестирања, првиот од 40-те купувачи, на колку што примероци е ограничен моделот Divo, го доби својот ултраспортски модел.
Заснован на платформата на Chiron, Divo се напојува со единствен 8,0-литарски мотор со 16 цилиндри кој со помош на четири турбополначи развива 1.500 КС и 1.600 Nm максимален вртежен момент. Полесен и покрут од Chiron кој развива 420 km/h, Divo достигнува максимална брзина од „само“ 380 километри на час, но во Bugatti овој модел го наменија за купувачите кои повеќе го ценат снаоѓањето на автомобилот на кривините и свиоците, што и не е најголемата предност нa стандардниот Chiron.
За да дојдат до посакуваната цел, тест возачите на Bugatti на чело со шефот Ларс Фишер, автомобилот го тестираа и го подесуваа речиси две години. После се, мерењата на славната патека Nardo покажаа дека Divo според времето на извозен круг е побрз од Chiron за дури осум секунди, а „виновни“ за тоа се поинаку подесениот систем на потпирање и аеродинамичките решенија со кои се подобри снаодливоста во свиоците.
Веќе е познато дека сите 40 примероци од автомобилот чија цена изнесува фараонски пет милиони евра ќе се најдат во гаражите на сопствениците кои веќе го поседуваат моделот Chiron.