fbpx

Volkswagen го продолжува производството во фабриката во Волфсбург

Германскиот производител Volkswagen соопшти дека повторно започнува со производство во градот Волфсбург во Германија со 10 до 15 проценти од капацитетот

Автомобилскиот гигант најави дека околу 8.000 вработени лица ќе се вратат во производствените хали во рамките на една смена, а првото возило кое Volkswagen ќе го произведе по враќањето на производство во Волфсбург ќе биде секако Golf.

Volkswagen очекува до крајот на првата недела да произведе околу 1.400 примероци. Почнувајќи од следната недела, германскиот производител ќе воведе дополнителни смени и ќе го зголеми капацитетот на производство на 6.000 возила.

Од компанијата истакнуваат дека се сложиле со планот од 100 точки, остварени во соработка со работничкиот совет, кој меѓу останатите мерки како превентива од ширењето на коронавирусот, вклучува проверка на телесната температура, раздвоени премини и подвижни ѕидови од плексиглас, се со цел да се заштити здравјето на вработените.

Фабриката во Волфсбург е вториот погон на Volkswagen кој го рестартираше производството во Германија.

Поврзани вести

Back to top button