fbpx

Audi го претстави plug-in хибридниот A6 Avant

Audi A6 Avant 55 TFSIe Quattro е официјалното име на првиот Audi A6 plug-in хибриден караван кој ја доживеа својата промоција неколку месеци по A6 Sedan верзијата

Економичниот семеен автомобил го доби погонот кој го има и A6 Sedan, а кој беше претставен минатата година. Тоа значи дека под хаубата на новиот plug-in хибриден Audi A6 Avant се наоѓа 2,0-литарски TFSI мотор кој развива 248 КС, а поддршка му пружа електричен мотор кој се напојува со литиум-јонска батерија, и кој испорачува 141 КС, со што комбинираната моќност изнесува 362 КС и 500 Nm максимален вртежен момент. Во суштина, истиот погон го има и Q5 55 TFSIe Quattro.

Новиот plug-in хибриден Audi A6 Avant може да помине 51 километар користејќи исклучиво електрична енергија, според стандардите на WLTP. Кога станува збор за пеформансите, овој автомобил од нула до „стотка“ стигнува за 5,7 секунди што значи дека е само 0,1 секунда побавен од полесниот plug-in хибриден A6 Sedan. Максималната брзина изнесува електронски ограничени 250 километри на час, а во електричен режим 135 километри на час. Електричниот домет е нешто послаб во однос на седан верзијата. Но, сепак, благодарение на ова, просечната потрошувачка номинално изнесува 2,1 литар бензин на прејдени 100 километри.

Цената на основниот модел во Германија изнесува 71.940 евра, а опремен е со Matrix LED светла, спортски седишта, четиризонски автоматски клима-уред, дигитален инструмент кластер, спортски систем на потпирање, 19-инчни фелни… Стандарден е и S-Line пакетот за внатрешноста, црн естетски пакет, црни ретровизори и затемнети стакла. Продажбата на новиот plug-in хибрид на германскиот автомобилски гигант се очекува да започне за мошне брзо време.

Поврзани вести

Back to top button