Hyundai ги објави првите фотографии за Elantra N Line
Јужнокорејскиот производител Hyundai го објави првиот „камуфлиран тизер“ од перформантната Elantra N Line
Новата Hyundai Elantra ќе биде достапна и во N Line варијанта, а од јужнокорејската компанија остануваат таинствени кога станува збор за техничките спецификации на новиот спортски модел и се уште не го откриваат датумот на лансирањето на автомобилот. Сепак, од Hyundai откриваат дека новата Elantra N Line ќе добие неколку надградби на шасијата, нов турбо мотор и неколку визуелни промени.
Од Hyundai истакнуваат дека Elantra N Line ќе пристигне со турбо мотор, но не откриваат повеќе детали. Сепак, според некои шпекулации, се очекува 1,6-литарски четирицилиндерски мотор со турбополначи кој веќе го има кај Elantra GT N Line хечбекот, кој произведува 201 КС, а истите спецификации се очекуваат и кај Elantra N Line, со тоа што би пристигнал во комбинација со шестстепен мануелен или седум степен автоматски менувач со двојна спојка, со погон на предните тркала.
Како што е напоменато, Hyundai ќе направи и неколку исправки на шасијата со цел да се подобри управливоста на автомобилот и да се создаде подобра возечка динамика. Според некои очекувања, продукцискиот модел би требало да го видиме во текот на ова лето, додека продажбата се очекува да започне на есен. И покрај тоа што Hyundai објави фотографии од Elantra N Line прекириена со мноштво камуфлажа, поради што не може да се добие појасен увид во промените, сепак треба да се очекува поспортски body kit на автомобилот и спортски систем на потпирање.
Од друга страна, подолго време се шпекулира и за тоа дека Hyundai подготвува и „чист“ Elantra N модел кој би требало да пристигне со 2,0-литарски мотор со 275 КС кој ќе се најде кај престојната Kona N. Ако може да се верува на информациите, купувачите ќе можат да бираат меѓу шестстепен мануелец или осумстепен автоматски менувач со двојна спојка кој неодамна беше претставен кај Veloster N.