fbpx

Новата Ford Puma пристигна и во Македонија

Новиот кросовер на автомобилскиот гигант Ford, моделот Puma, пристигна и во продажните салони во нашата држава

Новата Ford Puma пристигна во Македонија, а моделот веќе е изложен во продажниот салон на Ми-Да Гранд Моторс, каде што сите заинтересирани купувачи ќе можат да направат посета и да го погледнат овој кросовер, притоа почитувајќи ги максимално безбедносните мерки преземени од страна на вработените во продажниот салон, со цел спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Новиот адут на Ford во SUV сегментот во нашата земја ќе има почетна цена од 22.500 евра, колку што изнесува за време на акцијата, а станува збор за основниот модел со основно ниво на опременост, кој пристигнува со 1,0-литарски трицилиндерски EcoBoost мотор со 125 КС. Овој модел пристигнува со голем број на нови технологии и системи за помош и асистенција на возачот, со LED светлосни групи, а во внатрешноста се наоѓаат два дигитални екрани, едниот со големина од 4,2 инчи и се наоѓа на инструмент таблата, додека вториот 8,0-инчен екран чувствителен на допир е дел од инфозабавниот систем.

Ford Puma

Зависно од опременоста, цената на новата Ford Puma во нашата држава ќе се движи од 22.500 до 28.700, колку што изнесува најскапата верзија на новиот кросовер на Ford. За повеќе информации ќе можете да се обратите во продажниот салон на Ми-Да Гранд Моторс, официјалниот застапник за Ford во нашата држава.

Новата Ford Puma наскоро ја очекуваме и на тест возење, по што редакцијата на Авто Плус со задоволство ќе ги пренесе своите импресии.

Поврзани вести

Back to top button