fbpx

Девет автомобилски музеи кои можете да ги посетите од дома

Коронавирусот не принуди сите да останеме дома, но тоа не значи дека од нашите домови не можеме да посетиме некои од најпознатите автомобилски музеи

Во прилог се девет автомобилски музеи кои во ова време на пандемија на Covid-19 им нудат можност на сите автомобилски ентузијасти и вљубеници на виртуелен начин да ги посетат од удобноста на своите домови. На оваа листа има девет предлози за виртуелна прошетка, а меѓу нив се наоѓаат некои од најпознатите автомобилски музеи.

Во прилог погледнете ги деветте автомобилски музеи кои можете да ги посетите од дома:

  1. National Corvette Museum

Симболот на државата Кентаки во САД е Chevrolet Corvette со оглед на тоа дека во оваа сојузна држава се наоѓа фабриката и националниот музеј, а во истиот се поставени повеќе од 80 модели на Corvette.

2. Henry Ford Museum

Овој автомобилски музеј годишно го посетуваат 1,7 милиони посетители и претставува многу повеќе од само обичен музеј. Освен автомобили, во истиот можат да се пронајдат и мотоцикли, авиони и возови.

3. Museo Horacio Pagani

За многумина автомобилски вљубеници возењето на автомобилите произведени од страна на Pagani ќе останат само сон. Сепак, посетата на музејот би можела да претставува некаква утеха. Во музејот Horacio Pagani се наоѓа колекција која ја сочинуваат автомобилски ремек-дела како Zonda и наследниот Pagani Huayra.

4. Museo Ferrari

Во непосредна близина, оддалечени на дваесетина минути возење, се наоѓаат два музеи на Ferari. Едниот е лоциран во „матичниот“ Маранело, а другиот во Модена кој е познат како Museo Enzo Ferrari. Во овој музеј се наоѓаат легендарните „цивилни“ и тркачки автомобили, а меѓу нив и LaFerrari FXX-K како и болидот на Михаел Шумахер.

5. Honda Collection Hall

Honda Collection Hall се наоѓа во градот Мотеги, во Јапонија, а во него можат да се најдат автомобили, мотоцикли, тркачки возила и слично, притоа прикажувајќи ја историјата на Honda која е подолга од 70 години.

6. Porsche Museum

Porsche го има еден од најимпресивните музеи кој се наоѓа во „родниот“ Штутгарт. Во овој музеј се изложени повеќе од 80 возила, од раниот модел 356, па се до легендарниот 911. Исто така, можат да се најдат и неколку концепти.

7. McLaren Technology Center

Станува збор за импресивна градба во Вокинг, Англија, која содржи богата колекција на тркачки и „цивилни“ автомобили на McLaren.

8. Mercedes-Benz Museum

Музејот се наоѓа во Штутгарт на површина од 16.500 квадратни метри. Музејот има девет катови и доволно содржина во него да минете неколку часови. Во музејот се поставени повеќе од 160 возила и ја раскажува 134-годишната историја на компанијата.

9. Museo Lamborghini

Исто така во непосредна близина на Museo Pagani, со речиси идентична оддалеченост како и Museo Ferrari, се наоѓа музејот на Lamborghini во Сант’Агата Болоњезе кој исто така е подеднакво фантастичен како и музеите на своите соседи. Во овој музеј можат да се пронајдат модели како што се легендарните Miura и Countach, односно Huracan Performante и Aventador SV.

10. Petersen Automotive Museum

Petersen Automotive Museum е дел од автомобилската култура во Лос Анџелес и САД од своето отворање во 1994 година. Овие денови, оваа масивна установа во себе содржи повеќе од 300 возила – класици и модерни автомобили – како и стотици компоненти како мотори, книги, фотографии и дури и филмови.

11. Škoda Museum

Лоциран во „родното место“ на чешкиот производител, Млада Болеслав, Škoda музејот ви овозможува да фрлите поглед во 100-годишната историја на компанијата. Реновиран и повторно отворен во 2012 година, музејот во себе содржи историски возила, велосипеди, споменари, а дури им нуди на посетителите и тура на родното место на основачот на Porsche, Фердинанд Порше.

 

Поврзани вести

Back to top button