fbpx

Викенд тарифа: Драг трка меѓу Porsche Taycan Turbo S и BMW M8

Нова интересна драг трка за нова викенд тарифа, овој пат меѓу два луксузни автомобили, но едниот со електричен погон, а другиот со конвенционален мотор

Луксузната драг трка, која се одржа на Lausitzring тркачката патека во Германија, привлече големо внимание. BMW M8 е атомобил кој е претставник на конвенционалните автомобили со мотори на внатрешно согорување. Овој модел се напојува со 4,4-литарски V8 мотор кој произведува 616 КС и 750 Nm максимален вртежен момент.

Од друга страна, Porsche Taycan Turbo S е електричен автомобил, а со своите перформанси навистина воодушевува. Електричниот систем на Porsche Taycan Turbo S, а неговиот мотор испорачува 750 КС и 1.050 Nm вртежен момент. Како сето тоа изгледа кога ќе се најде на патеката, како и тоа кој е победникот во оваа интересна драг трка, можете да видите во видеото кое е во прилог.

Поврзани вести

Back to top button