fbpx

Brabus во соработка со кинески Wey го претставија VV7 GT

Wey е луксузен оддел на кинеската компанија Great Wall Motors, а сега во соработка со Brabus подготвија поинакво решение на еден нивни модел

Wey е луксузното одделение на кинескиот производител Great Wall Motors и е познат по тоа што произведува исклучиво SUV и кросовер модели. Wey и Brabus пред една година потпишаа договор за соработка, а сега плод на сето тоа е моделот Wey VV7 GT. Овој кросовер на кинескиот пазар се појави во 2017 година, но сега добива модифициран пакет со GT опрема кој е развиван во соработка со стручњаците од Brabus. Базиран на моделот Haval H6, кросовер кој е достапен и во некои земји од Европската унија, а неговиот изглед на спортски купе-кросовер е инспириран од европската автомобилска индустрија.

Brabus за овој модел подготви пошироки штитници за кал, 21-инчни фелни, целосно редизајнирани браници, дополнителен заден дифузор со интегрирани поголеми завршетоци на издувните цевки и нови задни LED светла. Фотографии од внатрешноста на автомобилот не се објавени, но потврдено е дека се направени неколку промени кога станува збор за ентериерот.

 

Овој VV7 GT кросовер се напојува со 2,0-литарски турбобензински мотор кој развива 227 КС и 387 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се пренесува на предните тркала преку седумстепен автоматски менувач. Стандардниот VV7 GT се нуди и со plug-in хибриден погон, но не е познато дали Brabus ќе понуди своја верзија и на овој модел. Треба да се напомене дека овој модел е наменет само за кинескиот пазар, додека не е познато дали постојат планови за негово пласирање и во другите земји.

Поврзани вести

Back to top button