fbpx

Hyundai со нова „корона“ мерка во Македонија

Пандемијата на коронавирусот го зеде својот данок во автомобилската индустрија кај нас, но Hyundai го „возвраќа ударот“

Здраствената криза нанесе удар врз автомобилската индустрија, пред сè во продажбата на нови возила на глобално ниво, а исклучок не е ниту нашата држава. Причината секако е и економската неизвесност ширум целиот свет. Но, компаниите и овластените дилери и импортери подготвуваат свои мерки со цел да им излезат во пресрет на заинтересираните купувачи и клиенти. Први меѓу нив е Ми-Да Моторс,  официјалниот застапник за брендот Hyundai во нашата земја.

Од Ми-Да Моторс воведоа своевидна „корона“ финансиска акција за сите заинтересирани клиенти, а истата гласи „Вози веднаш нов автомобил, плаќај го од октомври“. Имено, поради актуелната ситуација, од Ми-Да Моторс овозможуваат одложено лизинг плаќање на сите нови возила кои се достапни на залиха. Според соопштението кое го објавија, сите заинтересирани купувачи ќе можат да го набават своето ново Hyundai возило со само 35 проценти учество, а исплатата на ратите би започнала од октомври оваа година без дополнителни камати.

Hyundai

Како дел од понудата од Ми-Да Моторс ги посочија моделите на Hyundаi i20, Hyundai i30, Hyundai Elantra и Hyundai Tucson кои доаѓаат со Premium ниво на опременост, односно Vision за моделот Tuscon. Од Ми-Да Моторс ги охрабруваат сите заинтересирани да се обратат во салонот на Hyundai за тест возење, а притоа нуди и калкулации за посакуваниот модел, односно за износот на месечната рата. Исто така, Ми-Да Моторс нуди и продолжена гаранција до 7 години за секое ново Hyundai возило.

За повеќе информации посетете го официјалниот сајт на Ми-Да Моторс, или јавете се на телефонскиот број 02 30 73 103

Поврзани вести

Back to top button