fbpx

Peugeot го претстави електричниот e-Expert

Француската компанија Peugeot во својата понуда го воведува и целосно електричното товарно возило e-Expert

Peugeot e-Expert се приклучува на oстанатите модели од истиот сегмент на PSA во време кога групацијата ги промовира електричните решенија на сите свои брендови. Peugeot повторно ја докажува својата големина. Неуморно следејќи ја својата амбиција, Peugeot настојува целата своја гама на возила да ја понуди и во електрична верзија. Така, по целосно електричните Peugeot e-208 и SUV Peugeot e-2008, пристигнува и целосно електричниот Peugeot e-Expert.

E-Expert е базиран на EMP2 платформата на PSA и е достапен во три различни големини и со различни батерии. Батеријата од 50 kWh овозможува автономија на движење од 230 километри. Моделот со батерија од 75 kWh може да помине до 330 километри според WLTP стандардите. Верзиите Compact, Standard и Long кои пристигнуваат со батеријата со капацитет од 50 kWh овозможуваат опсег до 230 km според WLTP. Верзиите Standard и Long исто така можат да бидат опремени со батерија од 75 kWh со капацитет до 330 километри.

Peugeot e-Expert

 

Начините за полнење се флексибилни и прилагодени на секоја дневна ситуација. Преку брз 16А полнач, Peugeot e-Expert целосно се полни за 15 часа (верзијата со батерија од 50 kWh). За верзијата со батерија од 75 kWh потребни се 23 часа. Со ѕиден полнач од 7,4 kW полнењето се врши за 7:30 часа за батеријата од 50 kWh, односно 11:20 часа за батеријата од 75 kWh. Ѕидниот полнач од 11 kW овозможува полнење за 5 часа за батеријата од 50 kWh. За батеријата од 75 kWh потребни се 7:30 часа.

Најбрзиот начин за полнење е преку наменски јавен терминал односно брз полнач. Во тој случај до 80% од батеријата се полни за 30 минути (батерија од 50 kWh) или 45 минути (75 kWh батерија). Животниот век на батеријата кај Peugeot возила е со гаранција од 8 години или изминати 160.000km. По изминувањето на гаранцијата, батеријата ќе има капацитет од 70%. За време на гаранцискиот период, Peugeot врши замена на батеријата, во случај да нема механичко оштетување на истата.

Peugeot e-Expert

Peugeot e-Expert ќе пристигне во втората половина на годинава

Удобен и практичен за сите услови и работни места. Со голем товарен простор, работен простор што го олеснува секојдневниот живот, технологија и робустен дизајн, новиот Peugeot e-Expert овозможува и неограничен пристап до сите делови во градот. Дури и во центарот каде што е метежот поголем и достапноста помала.

Максималната носивост на моделот изнесува 1.275 килограми. Товарниот простор кај e-Expert е идентичен како оној кај верзиите со мотори на внатрешно согорување. Од Peugeot наведуваат дека новиот e-Expert ќе нуди три различни режими на возење. Со Eco режимот возењето се адаптира кон заштедување на автономијата на возење, Normal режимот е оптимално ниво за секојдневна употреба, додека Sport е наменет за оптимизирање на перформансите при транспорт на товарот.

Peugeot e-Expert ќе се појави на пазарот во втората половина од оваа година. Кон крајот на годината ќе пристигнат и Peugeot e-Boxer и целосно новиот Peugeot Partner Electric во 2021 година. Производството на Peugeot e-Expert ќе се одвива во погонот во близина на Валенсиен во Франција заедно со верзиите со конвенционален погон.

Peugeot e-Expert

Од 2016 година Peugeot продаде околу 195.000 конвенционални примероци на Expert, а дури и мал број на електрични верзии во иднина би значело зголемување на продажбата на електрични возила. Според податоците на Peugeot, речиси 80 проценти од возилата од овој тип дневно минуваат помалку од 200 километри.

Поврзани вести

Back to top button