fbpx

Mercedes официјално ги претстави освежените купе и кабрио E-класа

Германскиот производител Mercedes со официјална онлајн премиера ги претстави освежените кабрио и купе верзии на својата E-класа

Во пресрет на откажаниот Салон за автомобили во Женева, Mercedes-Benz ја претстави освежената E-класа седан, која доби надворешен „фејслифт“, поголема безбедносна опрема и дополнителна технологија. Според очекувањата, истото се случи и со кабрио и купе верзиите на E-класа кои сега ја доживеаја својата официјална премиера.

Најочигледните промени кај 2021 E-класа купе и кабрио моделите се унапредените предници. Истите, сега стандардни LED светла и маската од ладилникот сега се пренесени од седан верзијата. Единствената работа која не доби визуелна промена се задните светла, кои остануваат исти. Новиот стил дефинитивно го подобрува општиот изглед на E-класата. Оние кои се заинтересирани за нешто поспортска опција можат да ја изберат AMG линијата, која добива специфичен стил и поголеми тркала.

Во внатрешноста на рестилизираната E-класа во купе и кабрио верзија, визуелните промени се позабележливи. Заедно со нов тапацир, декоративни детали и опции на управувачот, купе и кабрио E-класа сега го добиваат и Mercedes-Benz MBUX инфозабавниот систем како стандарден. Овој систем пристигнува заедно со масивен 12,3-инчен централен екран чувствителен на допир со Apple CarPlay и Android Auto конективност, како и 12,3-инчен дигитален инструмент кластер.

За управувањето со овие два големи екрани, Mercedes го замени минатогодишниот ротациски управувач. Сега тука е новиот контролер чувствителен на допир од инфозабавниот систем. Mercedes додава и сет на технолошки напредни капацитивни копчиња на управувачот. Тука е и последниот „Hey, Mercedes“ системот за гласовни команди. Овој систем исто така вклучува и бежично полнење на телефоните и реален систем за навигација.

Mercedes E-класа

Кога станува збор за безбедноста, новите E-класа кабрио и купе добиваат додатоци. Тоа се автоматско кочење во итни случаи, активна паркинг асистенција со 360-степена камера, како и набљудувач на слепите точки без дополнителни трошоци. Опциите како head-up екран и понапредниот Driver Assistance пакет се нудат како опција за дополнителен надоместок.

Mercedes E-класа

Сепак, највпечатливата промена кај 2021 E-класа е погонот. Во понудата се два дизел и три бензински верзии со 48V блага хибридна технологија кај дел од варијантите. Новиот благ хибриден E220 d модел има 2,0-литарски агрегат кој располага со 194 КС и 400 Nm вртежен момент и максимална брзина од 241 километри на час. Над него во палетата е E400 d со 3,0-литарски шестцилиндричен мотор со 340 КС и 700 Nm максимален вртежен момент.

Кај бензинците тука е E200 со 2,0-литарски турбо четирицилиндричен мотор кој има 197 КС и 320 Nm максимален вртежен момент. Потоа, Е300 со 258 КС i 370 Nm, како и Е450 4Matic со 3,0-литарски шетцилиндричен мотор и 48V блага хибридна технологија и испорачува 367 КС и 500 Nm. Максималната брзина изнесува 250 километри на час. Сите варијанти пристигнуваат со деветстепен автоматски менувач.

На врвот на понудата е Mercedes-AMG E 53 4Matic со 3,0-литарски шестцилиндричен мотор и 48V блага хибридна технологија. Моторот испорачува вкупно 435 КС и 520 Nm и максимална брзина од 270 километри на час со AMG Driver’s Package.

За Mercedes-AMG E 53 4Matic, меѓу останатото, се предвидени и AMG aero body kit, AMG маска, нови 19-инчни алуминиумски тркала, а како опција се нудат и 20-инчни тркала, нови бои, Dynamic Select режими на возење, AMG Ride Control+ воздушен систем на потпирање, како и AMG Dynamic Plus Package.

Mercedes E-класа

Освежените Mercedes E-класа купе и кабрио ќе се најдат во продажба подоцна во текот на оваа година. За жал, од Mercedes не ги открија деталите околу цените на двата модели.

Поврзани вести

Back to top button