fbpx

E.ON ќе изгради 10.000 станици за полнење во Европа

Енергетскиот провајдер E.ON ја објави својата нова кампања Freedom is Electric, според која компанијата си постави за цел изградба на 10.000 станици за полнење на електрични автомобили во Европа до 2020 година

Енергетскиот провајдер E.ON ја објави својата нова кампања Freedom is Electric, според која компанијата си постави за цел изградба на 10.000 станици за полнење на електрични автомобили во Европа до 2020 година.

10.000 станици

Мрежата на станици за полнење на E.ON се очекува да биде со пунктови за полнење на електрични возила на различни производители (150 kW), вклучувајќи и за брзо полнење (до 350 kW), која гарантира акумулација на енергија за 400 поминати километри само за околу 30 минути.

Од компанијата истакнаа дека во Велика Британија веќе стартуваше специјалното тарифирање за полнење на електромобилите, каде цената за употреба на т.н. ноќна струја е за 33% пониска во споредба со дневната.

Поврзани вести

Back to top button