Lamborghini со визија за вистинска ѕверка – концепт Terzo Millennio
Lamborghini ги изненади фановите со супер иновативно и ѕверско концепт возило, кој го покажува во кој правецот во кој ќе се развива дизајнот и технологијата кај италијанската марка
Terzo Millennio покажува идеи кои најверојатно ќе ги видиме во третата деценија на векот.
Голем дел од работата е фокусиран врз развивање на нови материјали и методи за складирање на електрична енергија. Самите батерии се вградени во каросеријата на возилото, а обезбедуваат брзо испорака на енергија до погонскиот мотор и подобра распределба на тежината.
Што се однесува до погонот, тој доаѓа од четири електрични мотори, по еден за секое тркало. Тоа, според Lamborghini, дава моментално забрзување и постигнување на висока брзина, но помага и за регенерацијата на кинетичката енергија, претворајќи го моделот во ефикасно возило.
Уште поимпресивен е системот за следење на состојбата на купето направен од јаглеродни влакна, кој ќе се користи како батерија. Во секој момент „мозокот“ на автомобилот знае дали некаде во структурата постојат мали пукнатини и ако веќе има такви, микро каналите се полнат со „хемикалии” со што истите ќе исчезнат. Концептот, исто така, игра многу важна улога за Lamborghini. Тој покажува дека иднината на марката е дефинитивно поврзана со електрични автомобили, нешто што досега не беше објавено директно.