Rimac Scalatan е хиперавтомобил „најавен“ за 2080 година
Доколку мислите дека престојниот Rimac C_Two е неверојатен автомобил, тогаш овој концепт за Rimac Scalatan Vision 2080 ќе ве остави без зборови
Дизајнерот Максимилијан Шнајдер го создаде концептот Rimac Scalatan Vision 2080 како дел од неодамнешниот Rimac Design challenge на Instagram, каде хрватскиот производител на автомобили побара од фановите да дизајнираат Rimac автомобил за 2080 година. Овој Scalatan е победникот на овој избор, а причината за тоа е повеќе од јасна.
Овој смел концепт е изграден околу 3D печатен „карбонизирана“ титаниумска-графитна рамка која е неверојатно цврста додека истовремено е мошне лесна. Шнајдер го замисли Scalatan како модел кој користи целосно електричен погон кој испорачува огромни и вртоглави 3.080 КС, кои во комбинација со неговата тежина од само 940 килограми, би направиле Rimac C_Two да делува бавно, несмасно и тешко.
Интересен аспект на овој концепт се неговите тркала, односно гуми кои користат технологија на мемориска јаглеродна наноцевка, што значи дека можат да ја менуваат својата шара и површина врз основа на потребното триење во било кое време. Уште повеќе, за самите тркала се вели дека се пет пати полесни од обичното тркало.
Со оглед на тоа дека е автомобили дизајниран за далечна иднина, Rimac Scalatan Vision 2080 исто така вклучува автономен систем на возење кој се гиржи за поголемиот дел од возачките задачи. Сепак, сопствениците ќе можат да го возат автомобилот во дадена безбедносна мрежа.
Невозможно е точно да се предвиди како ќе изгледа светот на перформансните автомобили ќе изгледа за 60 години, но доколку е нешто налик ова, тогаш со нетрпение го очекуваме.