fbpx

Уникатен Aston Martin V12 Zagato кој чини 950.000 евра!

Британската компанија Bell Sport & Classic во понудата има уникатен примерок од соработката меѓу Aston Martin и Zagato кој се напојува со еден од најдобрите V12 мотори на сите времиња

Сериски ограниченото издание на Aston Martin V12 Zagato својата премиера ја имаше во мај 2011 година на Concorso d’Eleganza Villa d’Este. Примерокот кој сега се најде на продажба бил во сопственост на Aston Martin до 2016 година, а бил користен за презентација пред потенцијалните купувачи и претставува уникат бидејќи е единствениот од вкупни 64-направени примероци чија каросерија е целосно направена од алуминиум.

Оваа верзија на моделот исто така е единствениот претпродукциски модел чиј управувач се наоѓа на десната страна. Овој автомобил пред да биде продаден во 2016 година требало да биде испорачан во Италија до Zagato како дел од колекцијата на дизајнерската компанија. Сепак, тоа не се случило бидејќи еден клиент на Aston Martin ја убедил компанијата да му дозволат да го купи. Пред да биде испорачан за мистериозниот купувач, Aston Martin морал да направи ревизија.

Така, овој Aston Martin V12 Zagato е дополнително офарбан во British (Aston Martin) Racing Green боја која веќе со децении е заштитен знак на британските спортски автомобили, наместо оригиналната титаниумска сива боја. Моделот добил и уникатна решетка со сребрена облога, освежена му е и внатрешноста во Beige Hide боја, а се напојува со рачно составениот 6,0-литарски V12 мотор кој благодарение на ентузијазмот на инженерите од AMG развива повеќе од тогаш декларираните 517 КС.

„Сите автомобили од оваа лимитирана серија се навистина специјални, но овој извонреден примерок е само еден од двата претпродукциски модели и единствениот целосно алуминиумски модел направен. Автомобилот е третиран со прецизно и детално прегледан и би претставувал прекрасен додаток за било која колекција“, изјави Bell Sport & Classic.

За оваа автомобилска егзотика со чие премиерно претставување Aston Martin своевремено одбележа 50 години од настанувањето на моделот DB4GT Zagato новиот сопственик ќе мора да издвои околу 950.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button