fbpx

Пораст од 51,4% на побарувачката за алтернативни погонски возила

Најновите податоци на ACEA покажуваат дека побарувачката за нови возила со алтернативен погон (AFV) се зголемила за импресивни 51,4% во третиот квартал од годината

Најновите податоци на ACEA покажуваат дека побарувачката за нови возила со алтернативен погон (AFV) се зголемила за импресивни 51,4% во третиот квартал од годината. Новите AFV регистрации во изминатите три месеци се на ниво од 211.635 единици, што е еквивалентно на 6,2% од вкупниот автомобилски бизнис за тој период.

побарувачката

Пазарниот удел на целосно електрични автомобили во Европа изнесува 1,6%. Од ACEA потврдуваат дека посериозно е зголемувањето на побарувачката на целосно електричните автомобили (60.9%), во однос на хибридните и plug-in хибридите, кои исто така можат да се пофалат со завиден раст, односно 59.7% и 53.2%. Стабилно подобрување од 38,1%, исто така е регистрирано и за ТНГ остварувањата.

Алтернативните погонски автомобили забележаа одлична побарувачка на петте главни пазари, со неверојатни зголемувања во Шпанија од 90,7% и Германија 82,7%, во споредба со претходната година. Во Велика Британија, растот е 48.2%, во Франција 47.9% и Италија 33.3%.

Поврзани вести

Back to top button