Познати носителите на признанието „Златен волан за 2017 година“
Шест автомобили ја добија престижната награда „Златен волан за 2017 година“ Традиционалното „тркало на честа" на Auto Bild и Bild am Sonntag отиде во рацете на шефот на Volvo, Хакан Самуелсон
Познати се победниците на најпрестижната автомобилска награда во Европа „Златен волан за 2017 година“. Гости, членови на жирито, новинари, политичари, уметници… ја прославија „вечерта на Оскарите“ во зградата на издавачката куќа Axel Springer во Берлин. Најдобрите автомобили во 2017 година беа избрани со помош на читателите на Auto Bild и Bild am Sonntag во шест категории.
Во 2017 година, правилата на „Златен волан“ беа построги. Сите победнички автомобили беа проверени од независна организација Decra, за тоа дали се испочитувани законските ограничувања воведени во септември 2017 година. Покрај тоа, за прв пат играше улога разликата помеѓу реалната потрошувачка и наведената од производителот, која беше одлучувачка во рејтингот на возилата.
Том Дрекслер, главен и одговорен уредник на Auto Bild во Германија, рече: „Новите тестови ја прават наградата уште повредна – и за клиентите и за оние што прават автомобили. Добриот знак за целата автомобилска индустрија и довербата на купувачите е дека сите тестирани автомобили успеале да поминат независни испитувања на најважната автомобилска награда во Европа.
Победниците по категории се:
➤ Мали и компактни автомобили: Opel Ampera, пред VW Polo и Ford Fiesta
➤ Средна и висока класа: VW Arteon, пред Кia Stinger и BMW 5
➤ Компактен SUV: Skoda Qarok, пред Toyota CH-R и Mitsubishi Eclipse Cross
➤ Големи спортски автомобили: Audi Q5, пред Range Rover Velar и Alfa Romeo Stelvio
➤ Спортски автомобили: Porsche Panamera Sports Tourismо, пред Honda NSX и Aston Martin DB11
➤ Најубав автомобил: Aston Martin DB11