fbpx

BMW објави ново тизер видео за редизајнираниот M3

BMW според плановите ќе ги претстави редизајнираните M3 и M4 во септември, но во меѓувреме баварската компанија објави ново тизер видео

Во видеото кое го објави BMW може да се забележи тестирањето и развојот на M3 на Nürburgring Nordschleife. Во видеото се појавува и Кристијан Флеса, шефот на Driving Dynamics во BMW M, кој притоа објаснува дека престојниот спортски седан ќе биде понуден со погон на задните, но и сите четири тркала.

И покрај големиот број кругови на Nürburgring Nordschleife, Флеса истакнува дека BMW исто така го тестира M3 на регионални патишта, автопати и патишта со лоша површина. Целта е да се најде „најдобриот можен баланс меѓу тркачките перформанси на патеките и адекватноста за клиентите, бенефитот и нивните перформанси“. На крајот, во BMW се обидуваат да се осигураат дека M3 е способен да го пружи најдоброто на патеката, но исто така да пружи удобност и на патиштата.

Од BMW веќе потврдија дека М3 и M4 ќе го имаат истиот 3,0-литарски M TwinPower Turbo шестцилиндричен мотор како и X3 M и X4 M. Како резултат на тоа, основниот модел ќе има 480 КС, додека Competition варијантата ќе испорачува 510 КС. На видеото може да се забележи дека M3 со погон на задните тркала и со осумстепен М Steptronic автоматски менувач ќе има просечна потрошувачка од 10,5 литри на 100 километри.

BMW M3 моделот исто така ќе се нуди и со шестстепен мануелец, но се очекува да се нуди исклучиво со моделите со погон на задните тркала.

Поврзани вести

Back to top button