BMW ја претстави хардкор верзија на М3
Германскиот производител BMW ја претстави хардкор верзија на својот M3 седан
Таа го доби додаток CS кон своето име и ќе се смести над досегашната најмоќна варијанта – M3 Competition Package, во палетата на брендот. Само пред две недели BMW M3 CS беше снимен за време на последните тестови на Нирбургринг и уште тогаш стана јасно дека спортскиот седан е практично подготвен за сериско производство. Сега е време за неговата официјална премиера.
Повеќето технички детали беа познати од претходно. Под капакот на BMW M3 CS е поставен 3,0 литарски во линија мотор со 6 цилиндри, кој развива моќност од 460 КС. За моторот е користен корпоративниот систем за измена на фазите на довод на гориво Double-VANOS, како и систем за директно вбризгување на истото. Издувниот систем е нов. Моторот работи во комбинација со 7-степен роботизиран менувач DCT, што овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 3,9 секунди. Според податоците обезбедени од страна на производителот, просечната потрошувачка на гориво кај спортскиот седан е 8,3 l / 100 km.
Амортизацијата на возилото е истa како кај верзијата M3 Competition Package, но сепак е наштиманa, за да обезбедува подобро потпирање. Системот Dynamic Mode исто така е променет. Во стандардната варијанта на машината се тркала со димензии 265/35 R19 напред и 285/30 R20 одзади, со гуми Michelin Pilot Sport Cup 2. Во ентериерот на BMW M3 CS има кожа, алкантара, музички систем Harman Kardon и навигација Navigation system Professional. Познато е дека од моделот ќе бидат произведени само 1.200 примероци. Нарачките ќе бидат прифатени од почетокот на јануари, а производството започнува во март.