Audi ќе произведува синтетички дизел
Audi ќе пушти во употреба фабрика за синтетички дизел, а во проектот учествуваат компаниите Ineratec која произведува хемиски реактори и фирмата од енергетиката Energiedienst AG
Првата пратка од горивото што засега го носи називот e-diesel ќе се реализира следната година, а обемот на производствените капацитети е 400.000 литри годишно. Пилот-проектот за производство на синтетички дизел е лансиран во Лауфенбург, во Швајцарија, а ова е следната фаза на истражувачката работа, спонзорирана од Audi. Ова е плод од над 10 години за работа за пребарување на вештачки замени за природните горива.
e-diesel синтетички дизел
Процесот за производство на e-diesel вклучува добивање на водород со електролиза на вода и хемиска реакција на водородот со водороден диоксид, земен од атмосферата или од биогени гасови. Во последната фаза од реакцијата јаглеводородните соединенија се делат на крајните производи, при што едниот од нив е синтетички дизел. Audi верува дека синтетичкиот дизел ќе биде поефикасен од конвенционалниот, бидејќи не предизвикува штетни материи при неговото согорување. Следниот чекор во истражувањето ќе биде производство на синтетички бензин.
Во 2013 година компанијата претстави верзија на A3 Sportback g-tron кој одеше на синтетички метан, кој во Audi го нарекуваат e-gas. Овој метан е извлечен од обновливи извори на енергија, повторно со електролиза на вода.