Porsche Taycan е најиновативниот автомобил на светот
Со вкупно 27 иновации, Porsche Taycan е најзначајниот носител на иновации на светскиот пазар на автомобили
Од сите иновации кои се наоѓаат кај електричниот Porsche Taycan, дури 13 се новитети на светскиот пазар. Ова е резултатот од извештајот на Automotive Innovations Report на Центарот за Менаџмент на автомобилност (CAM). Научниците од овој институт меѓу иновациите на електричниот Porsche Taycan меѓу останатото ги вклучува 800-V архитектура, двостепениот менувач на задната осовина, високите перформанси на рекуперација до 265 kW, како и најдобрата вредност на отпор на воздухот во сегментот.
CAM е независен научен институт за емпириско истражување на автомобилите и мобилноста, како и за стратешко советување на Високата економска школа (FHDW) во Бергиш Гладбах. Уште од 2005 година соработниците под водство на Стефан Брацел ги проверуваат иновациите со компанијата Price waterhouse Coopers (PwC). Во 2019/20 година ценети се вкупно 250 сериски возила.
„Навистина не радува што нашето прво целосно електрично спортско возило на изборот Automotive Innovations Award го освои првото место. Тоа е одлична потврда за иновативната сила на нашата компанија, како и за пионерскиот дух на Porsche“, изјави Оливер Блуме, претседателот на Управниот одбор на Porsche. „Заедно со новиот тим креиравме нов автомобил и изградивме целосно нов погон, неутрален на CO2. Технолошките новитети како наградуваната 800-V архитектура овозможуваат пократко време на полнење, додека двостепениот менувач на задната осовина овозможува уникатно доживување во возењето“.
Со изборот за „најиновативен модел“ само продолжува низата на успеси со оглед на тоа дека Porsche Taycan досега освои веќе 40 меѓународни награди, пред се на најголемите светски пазари.