fbpx

Во Калифорнија создадоа електричен автомобил со 6 мотори

Калифорнискиот технолошки стартап RAESR (Rice Advanced Engineering Systems and Research) претстави електричен хипер автомобил со шест електромотори - Tachyon Speed

Моделот е именуван по tachyon – честичките кои се движат побрзо од брзината на светлината.

RAESR се занимава со дизајнирање и создавање на електрични погонски состави и системи за регенерација и складирање на енергија, па создавање на електромобил е одличен начин за реализација на потенцијалот на компанијата. Прототипот е купе со две врати и агресивен дизајн, а управувано од 6 електромотори со вкупна моќност од 1.250 коњски сили и 4.948 Nm вртежен момент. За забрзување од 0 до 96 km/h се потребни помалку од 3 секунди, а максималната брзина на Tachyon Speed е 386 km/h. Со едно полнење во урбани услови автомобилот може да помине 241 километри.

RAESR

Автомобилот е изграден на рамка со црева од легура на хром и молибден прицврстени на панелите на автомобилот. Истиот материјал се користи во целиот аеродинамичен пакет на автомобилот – од предното крило до задниот дел. Некои елементи се создаваат на 3D (поликарбонат легура) печатач, кои се користи за во вселенската индустрија. Tachyon Speed е опремен со ланч контрола и работи на неколку различни начини и суспензија, што дава можност за промена на клиренсот на автомобилот. Сепак, не е јасно дали овој импресивен прототип ќе има сериски наследник и каква би била неговата цена.

Поврзани вести

Back to top button