fbpx

Audi го испраќа R8 V10 во пензија со специјална серија

Германски Audi донесе одлука да престане со производството на моделот R8 во базично ниво, но затоа подготви адектватно збогување за ова издание

Audi подготвува достојно испраќање во пензија за својот R8 V10 Quattro со лимитирана серија модели кои ќе бидат во Mugello Blue, Avus Silver или Sonoma Green финиш. Овие финални модели ќе бидат ограничени на 30 единици, а исто така ќе добијат и уникатни елементи на екстериерот и во ентериерот. Моделите ќе се најдат во продажба ова лето, а цената ќе изнесува 186.000 долари за купе, односно 195.000 за Spyder верзијата.

Овие модели од ограничената серија се напојуваат со истиот V10 мотор како и секој друг R8 V10 Quattro, кој испорачува 562 КС и 550 Nm максимален вртежен момент, а моќноста се испраќа на сите четири тркала благодарение на седум степениот S Tronic автоматски менувач со двојна спојка.

Audi R8

Како што напоменавме, најавената ограничена серија нема да изгледа како стандардниот основен модел, туку ќе доживее промена како на дизајнерски, така и на перформансен план. Кога станува збор за изгледот, на прв поглед се истакнуваат 20-инчните тркала, обилната употреба на карбон, како и нов спортски издувен систем кој се користи кај Audi R8 Performance. Автомобилите ќе се одликуваат и со алуминиумските куќишта за ретровизорите, додека собирачките ќе бидат обоени во црвена боја за поспортски изглед.

Доколку купувачите се одлучат за купе моделот, Audi за нив предвидува 15 модели со Mugello Blue боја и пастелно сребрен ентериер, потоа пет Avus Silver со црн ентериер и црвени шавови, како и пет модели во Sonoma Green Finish со црн ентериер и сиви шавови на тапацирот. Во понудата има само пет Spyder модели, сите во Mugello Blue финиш со пастелно сребрен ентериер.

Поврзани вести

Back to top button